Оваа лежалка за сонце, креирана од страна на финската дизајнерската куќа Remmus Ltd, ротира заедно со сонцето, така што можете да ги изберете своите омилени услови за излежување и уживање. Лежалката има и електронски приспособлив потпирач за грб, вградени водоотпорни звучници од марка BOSE, врска Bluetooth, безжичен полнач за паметни телефони, како и интегриран распрскувач со вода ако сакате да се разладите.
Исто така, тука е и LED осветлување, кое може да се приспособува автоматски или рачно. Нејзината површина и постава се достапни во различни материјали, а цената може да достигне и 45.000 долари.