Насловна / Арт и дизајн / Rolls-Royce со визионерски концепт за автономен автомобил

Rolls-Royce со визионерски концепт за автономен автомобил

На свечена церемонија во Лондон, компанијата Rolls-Royce го претстави својот визионерски концепт за автономен автомобил на иднината, кој во многу нешта е различен од досегашните.rols rojs_7

Концептот на четири тркала наречен VISION NEXT 100, и со работен наслов 103 EX, со својата архитектура целосно се издвојува од многуте досегашни решенија, кои главно се темелат на денешните возила, но со многу елементи кои потсетуваат на денешните примероци на познатиот луксузен бренд. Големата разлика, на пример, се гледа на местото каде што денес се сместуваат огромните 12-цилиндерски мотори, а бидејќи ги нема, тука се ослободил голем слободен простор за багаж.Rolls-Royce Vision concept, GoodwoodPhoto: James Lipman / jameslipman.com

„Домаќинка“ во автомобилот без возач ќе биде Елинор или генерички глас кој е именуван по актерката Елинор Торнтон, за која се верува дека била инспирација за познатата фигура која го краси секој модел на Rolls-Royce.rols rojs_6

Некои од оние кои присуствувале на презентацијата на VISION NEXT 100, 103 EX го нарекле „најгрдо нешто што го виделе досега“, но тимот кој работел на концептот не се осврнува на критиките, и убеден е дека во блиска иднина токму овој автомобил ќе им одговара на богатите.rols rojs_5

Овој Rolls-Royce, ако заживее во сериско производство, ќе се изработува со користење само на високо квалитетни материјали во секој сегмент. Според плановите, ваков и слични автомобили се предвидени за патиштата во 2040 година.rols rojs_4 rols rojs_3 rols rojs_2 rols rojs_1

Испрати коментар

Scroll To Top