Замислете да поседувате еден од најлуксузните кревети за кучиња направени досега, дизајнирани од брендот Rolls-Royce…
Станува збор за креација која претставува кожен кревет за патување со цветен мотив, направен со исто внимание на деталите како и луксузните автомобили по кои е познат брендот.
Оваа уникатна креација, позната како Pet-All, не е достапна за купување во локална продавница за миленичиња. Дизајнирана е како уникатно парче за хуманитарен настан. Дизајнерскиот тим на Rolls-Royce во мај бил поканет да учествува на годишната аукција на Bonhams’ Goodwoof Barkitecture Charity Sale. Овој настан обединува добро познати дизајнерски тимови кои креираат ексклузивни куќички за кучиња, кои потоа се продаваат на аукција за да се соберат средства за организации кои помагаат во спасувањето на кучињата.
Anders Vorming, директор на дизајн во Rolls-Royce, објаснува дека Pet-All „е pop-up дизајн кој може уредно да се преклопи за патување и да се отвори при пристигнувањето“. Дизајнот е инспириран од цвет што се склопува. Секое „ливче“ од креветот е изработено од природна кожа, а кога ќе се расклопи, се открива мека перница од јагнешка волна. Оваа луксузна чаура е дизајниран да понуди максимална удобност за мало куче, со димензии од приближно 60×60 центиметри. Креветот има и кожна рачка и ласерски гравирана ознака за персонализација.
Креветот Pet-All е продаден за неверојатни 1.300 фунти на хуманитарна аукција. Сите приходи од оваа продажба отидоа за Jai Dog Rescue, организација посветена на спасување на кучињата скитници во Тајланд.
Овој екстравагантен кревет за кучиња е доказ за тоа колку некои луѓе се спремни да вложат со цел нивните миленици да бидат третирани како кралско семејство. Исто така, ја истакнува дарежливоста и креативноста на дизајнерските тимови кои се подготвени да поддржат хуманитарни цели. Иако Pet-All можеби не е достапен за пошироката јавност, тој е симбол на спојот на луксузниот дизајн и искрената филантропија.