Насловна / Арт и дизајн / Rolls – Royce го редизајнира познатиот амблем, подготвувајќи се за електричната иднина

Rolls – Royce го редизајнира познатиот амблем, подготвувајќи се за електричната иднина

Датумот 06.02.1911 е официјалниот роденден на веројатно најпрестижниот и најпознатиот украс во историјата на автомобилите. Се разбира, Spirit of Ecstasy на Rolls-Royce не е само обичен украс за хаубата, туку олицетворение на напредната елеганција на познатата британска марка.

RRlogo1

RRlogo2

 

Сега пристигна новата верзија за целосно електричната иднина. Вљубениците во марката Rolls-Royce не треба да се грижат бидејќи модерниот Spirit of Ecstasy и натаму е лесно препознатлив. Крилата и натаму каскадно излегуваат со ветерот. Ставот на фигурата и натаму е цврст, истакнат кон напред и со светликав завршеток.  Но, ако се погледне внимателно, ќе се забележи дека новиот Spirit of Ecstasy не стои право како претходно. Наместо тоа, фигурата има свиткани нозе, од кои едната е благо понапред. Телото сега агресивно се навалува нанапред, создавајќи според Rolls-Royce „вистинска божица на брзината“.

RRlogo3

RRlogo5

Практичниот аспект на овие промени е подобрената аеродинамика. Новата фигура е малку пократка, а обликот ќе пружа помал отпор. Тоа е важно кога станува збор за електричните возила, каде ќе се користи новиот Spirit of Ecstasy. Финото подесување до најмал детал во однос на намалувањето на отпорот, значи и поголем домет на возилото, а Rolls-Royce вели дека неговиот нареден  Spectre EV веќе има коефициент на отпор од само 0,26.

Испрати коментар

Scroll To Top