Насловна / Вести / Rolls-Royce го претстави Spectre, својот прв електричен автомобил

Rolls-Royce го претстави Spectre, својот прв електричен автомобил

Производителот на луксузни автомобили Rolls-Royce се подготвува засекогаш да се збогува од моторите со внатрешно согорување, и го претстави моделот Spectre, својот прв целосно електричен автомобил. Првите испораки ќе започнат во четвртиот квартал наредната година, а цената засега не е позната, но ќе се движи некаде помеѓу цените за Cullinan SUV и Phantom, што е околу 380.000 евра.

spectre-glavna

spectre22

Според првите податоци моторот ќе има моќност од 577 hp, a вртежниот момент е 900 Nm. Производителот истакнува дека за забрзување од нула до 100 km/h се потребни околу 4,5 секунди. Со едно полнење на батеријата може да се помине растојание од 520 километри. Spectre е најаеродинамичниот модел во историјата на овој бренд со коефициент на отпорот на воздухот од 0,25.

Испрати коментар

Scroll To Top