Незначително пократок од моделот Phantom, подеднакво луксузниот модел на Rolls – Royce, Ghost кој премиерно е претставен во 2020 година, минал низ третман на благо освежување во дизајнот со кои пристигнуваат и минимални промени на 5,5-метарската каросерија.
Редизајнираниот Ghost, со кој се нудат уште повеќе можности за персонализација, има нови куќишта за предните адаптивни LED светла, како и редизајнирана и нешто поголема, но веќе препознатлива маска на ладилникот. Поинакви с еи куќиштата на задните светла, потоа 22 инчните алуминиумски фелни чија боја ја бира купувачот. Во одделот за персонализација истакнуваат дека купувачите на Ghost можат да бирааат помеѓу над 44.000 бои/нијанси за каросеријата. Во пространата и врвно изолирана кабина за четири лица, која е обложена со најквалитетните достапни амтеријали, се истакнува дисплејот пред возачот и совозачот по целата широчина на кабината, зад која се наоѓа дигитална инструментална табла и мултимедијален систем. Моделот е покренуван од познатиот 6,75 литарски V12 мотор, кој со поддршка на два турбополначи развива моќност од 571 hp при 5.000 врт./min.