Компанијата Rolls-Royce, го претстави новиот електричен авион, кој наводно е најбрз на светот, бидејќи може да достигне брзина од над 480 километри на час, и тоа исклучиво на електричен погон. Авионот содржи најгуст батериски пакет кој може да се смести во едно летало, и кој може да обезбеди енергија за непречен лет од Лондон до Париз со само едно полнење. Батерискиот пакет со 6.000 ќелии е изведен со цел максимално намалување на тежината, со истовремено максимално подобрување на термичката заштита. Воведен е и напреден систем за ладење кој овозможува директно ладење на ќелиите во текот на максималното оптоварување. Високоефикасните мотори имаат значително понисок број на вртежи во споредба со конвенционалните авиони. Сите овие решенија овозможуваат енергетска ефикасност од 90%, додека, само заради споредба, болидите на Формула1 имаат максимална ефикасност од 50%.