Rolls-Royce Motor Cars го претставува Cameo, извонредна минијатурна скулптура инспирирана од богатото наследство на брендот, елегантно дестилирајќи ја самата суштина на Rolls-Royce автомобилите.
Овој колекционерски предмет, уникатен по својот дизајн и изработка, им оддава почит на автомобилите со отворен покрив од раните години на марката, додека неговите материјали и конструкција ги одразуваат современите методи на рачна изработка во Гудвуд, домот на Rolls-Royce брендот.
Cameo е изработен од прецизно дизајнирани делови, креирани за самостојно склопување. Неговата конструкција ги користи истите материјали како и автомобилите во вистинска големина, давајќи му на сопственикот тактилно искуство на склопување на сопствен модел на Rolls-Royce. Телото на скулптурата се состои од два сегменти – едниот од полн даб, а другиот од полиран алуминиум – кои заедно ја имитираат култната двобојна завршница на возилата Rolls-Royce.
Како симболичен дел од склопувањето, дабовото тело магнетски се спојува со алуминиумската шасија, што потсетува на значаен момент во производството на автомобилите на Rolls-Royce познат како „спојување“ или marriage, кога телото на автомобилот се монтирана на погонскиот систем. Овој момент, кој многу клиенти сакаат да го гледаат во живо, овде е мајсторски пренесен во минијатурна форма.
Внатрешноста на Cameo опфаќа делови изработени со 3Д печатење, обложени со истата Rolls-Royce кожа што се користи во автомобили со вистинска големина. Дополнителните автентични детали вклучуваат самонивелирачки капаци на тркалата, кои овозможуваат монограмот „RR“ да остане во исправена положба додека тркалата се вртат. На крајото, возачот на Cameo го завзема своето место во кокпитот, подготвен за луксузно имагинарно возење.
Оваа извонредна минијатура, која ја претставува суштината на луксузот и занаетчиството на брендот Rolls-Royce, сега е достапна во Rolls-Royce салоните и ексклузивните бутици на Private Office. Cameo не е само колекционерски предмет – тој е уметничко дело кое ги спојува традицијата, дизајнот и иновативноста, носејќи го искуството на луксузот на Rolls-Royce во сосема нова форма.