Насловна / Арт и дизајн / Ролекс меѓу четките за заби

Ролекс меѓу четките за заби

Колку далеку би отишле за да се погрижите да имате одлична дентална хигиена?

2_resize

Ќе купите скапа електрична четка за заби, паста за заби препорачана од вашиот стоматолог и редовно ќе одите на прегледи? Но, ако сакате да направите повеќе од тоа, ви предлагаме да ја истражите четката за заби Eternal 925, која е рачно изработена во Фиренца, користејќи природно антибактериско сребро, чист бакар и декорирана е со обемен слој од 24-каратно злато.

1_resize

Креирана да трае вечно, луксузната четка за заби претставува обмислена комбинација на скапоцени материјали со природни олигодинамички квалитети. Секоја четка и нејзиниот капак создадени се како рачна работа на Alessandro Tinacci со помош на Massimiliano Benvenuti и претставува квалитет кој не е виден досега.

4_resize

Четките исто така доаѓаат со мермерни подлоги во кои можат да стојат кога не се користат, како и кутија која е рачно изработена од Mimmo, сопственикот на компанијата Scatolarte од Фиренца. Само 30 нумерирани четки од секој материјал ќе бидат произведени во првиот круг, а нивните цени почнуваат од 1.150 долари.

3_resize

5_resize

Испрати коментар

Scroll To Top