Секретаријатот на Регионалната енергетска заедница на 24 февруари во Виена, побара од Македонија, Албанија и БиХ да ги усвојат Националните акциони планови за обновливи извори на енергија и да ги достават до секретаријатот.
На овие земји даден им е рок од два месеци за исполнување на ова барање, а потоа Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена би можел да ги проследи овие случаи до Министерскиот совет поради кршење на Законот на Регионалната енергетска заедница, пренесува „energetskiportal.rs“
Инаку, според Директивата 2009/28/EC сите членки на Енергетската заедница мора да одредат национални цели во врска со енергијата од обновливи извори до 2020 година. Овие цели мора да го содржат планираното производство и потрошувачка на енергија од обновливи извори, како и детални мерки кои ќе се преземат за нивно исполнување.