Куќата во Филаделфија во која Грејс Кели го минала детството, ќе биде претворена во музеј. Нејзиниот син, принцот Алберт II од Монако, вели дека куќата би можела да биде отворена за јавноста најдоцна во 2018 гдина. Минатата година принцот Алберт ја купил куќата за 754.000 УСД, откако претходниот сопственик починал.
Куќата била изградена во 1935 година од страна на Џон Кели, таткото на познатата глумица и подоцна принцеза на Монако. Таа тука живеела до 1947 година кога заминала во Њујорк да студира актерство. Но, најголемата промена во нејзиниот живот се случува во 1956 год. кога го запознава принцот Рание III од Монако и станува негова сопруга. Тогаш целосно се посветува на улогата на принцеза, сопруга и мајка, и се повлекува од актерството засекогаш. Загинува во сообраќајна несреќа во Монако во 1982 година.
(Извор : Daily Mail)