Насловна / Вести / Родени слободни, а се помалку – лавови помалку за 43 отсто

Родени слободни, а се помалку – лавови помалку за 43 отсто

Лавовите живеат во семејни групи, водачи се и гордост на својот чопор, кој може да има и до 12 женки, три мажјаци и неколку млади.

Лавиците остануваат со својата семејна група во текот на целиот живот, додека мажјаците остануваат во мали групи, сакајќи да ја воспостават својата доминација.

2_resize

За жал дивите лавови се соочуваат со ризик од изумирање поради бројни закани, вклучувајќи и губиток на живеалиштата поради луѓето.

Земјоделците прибегнуваат кон отрови, пушки и стапици за да ги избркаат лавовите од нивната земја. Ловот на трофеи и чувањето на лавовите во заробеништво се прашања за кои треба да се најде решение.

9_resize

Популацијата на лавови доживеа пад од 43 отсто во последните 21 години. Вистинската слика се разликува од држава до држава – во западна Африка, лавот е критично загрозен и е на работ на истребување.

Губитокот на живеалиштата и злоставувањето од луѓето доведоа до неселективни убиства поради заштита на добитокот и човечкото население.

5_resize

За жал, ова не е единствениот проблем со кој се соочуваат лавовите. Во некои земји, се уште е дозволено легално пукање на лавови поради спорт, што доведува до се поголем бран на конзервирани ловишта во Јужна Африка, каде што лавовите се одгледуваат поради пуштање во затворени области, за да бидат застрелани од ловците на трофеи.

4_resize

Лавовите се исто така вообичаена глетка во зоолошките градини, циркуси и приватни колекции низ целиот свет, што доведува до животно страдање во несоодветни услови, што ги ослабува нивните природни инстинкти.

Здружението за заштита на лавови „Родени слободни“ е посветено на зачувување на лавовите и природните живеалишта и крај на експлоатацијата преку низа проекти во Африка.

3_resize

Испрати коментар

Scroll To Top