Претставничката на кралицата Елизабета и заменичка на канадскиот гувернер за провинцијата Онтарио, Елизабет Даудсвел, го потпишаа законот за прогласување на 10 јули за Ден на Никола Тесла.
Најзаслужен за овој важен настан е членот на покраинскиот парламент на Онтарио од редовите на Нова демократска партија, Том Ракочевиќ, по чија иницијатива е донесен законот.
Во законот со кој роденденот на Никола Тесла стана празник во Онтарио, стои дека Тесла е „српско-американски пронаоѓач и инженер“.
Законот потсетува дека патентите на Тесла биле основа за изградба на првата хидроцентрала во светот на реката Нијагара, и дека по само 25 години, сите населени места во Јужен Онтарио имале пристап до електрична енергија.