Насловна / Арт и дизајн / Роденденот на Felt Chair е убава прилика за квалитетно ревидирање

Роденденот на Felt Chair е убава прилика за квалитетно ревидирање

Мадона пред некој ден наполни 60 години: честитки и уште многу успеси. Меѓу бројните нејзини достигнувања е и тоа што го препозна квалитетот на дизајнерот Marc Newson. Како? Користејќи го неговиот Lockheed Lounge како дел од сценографијата во спотот за песната Rain од 1993 година.

9

Бидејќи тоа се години пред интернетот оние кои го забежале квалитетното парче дизајн требало да почекаат за информации. Во тоа време Marc Newson имал портфолио кое се состоело од само неколку производи, произведени од јапонската компанија Idée. Меѓу нив била и Felt Chair. Во секој случај 1993 била годината кога се пробил. И сега кога неговото портфолио е преполно со проекти, вклучувајќи авиони, точаци и концептуални автомобили, доаѓа роденденот на неговите историски производи. Кралицата на поп музиката заокружи број на години на возраста, а Felt Chair во ново, ограничено издание пресвлечена во кожа во светло сина, виолетова боја 25 години од своето настанување.

1

И покрај разликата во години меѓу нив, тие има многу заедничко. Пред се способност за неспоредлива поп имагинација и трансформација. Во конкретниот случај на Newson, „виткање“ на јазикот на културата на сурферите, стриповите и „2001: Space Odyssey” го поставуваат дизајнот во различни здебелени и меки форми. Формално стручно, но истовремено со наговестување на dеjа vu и футиристички. И секогаш многу женствено.

6

На пример структурата на стаклените влакна на Felt Chair има јасна сензуална форма на обликуван корсет. Повеќе или помалку она што го сугерира заоблената форма на Lockheed Lounge можеби е и вистинската причина зошто Мадона посакала да го користи. Се поставува и прашањето дали е Marc Newson првиот феминистички дизајнер? Затоа што, секако дека сме свесни, како добро дизајнирано парче мебел ја менува перцепцијата на телото. Мадона тоа го сфатила. А за сите останати роденденот на Felt Chair е убава прилика за квалитетно ревидирање.

2

5

Испрати коментар

Scroll To Top