Насловна / Вести / Роботот ARTEMIS патува во Франција да игра фудбал на RoboCup

Роботот ARTEMIS патува во Франција да игра фудбал на RoboCup

Универзитетот во Калифорнија развил хуманоиден робот под името ARTEMIS (Advanced Robotic Technology for Enhanced Mobility and Improved Stability), кој ќе отпатува во Бордо во Франција, за да учествува на фудбалскиот натпревар RoboCup. Станува збор за робот со извонредна рамнотежа при движење на нерамен терен, кој може да трча и да ги подигне двете „нозе“ од тлото во текот на движењето. Професорот Dennis Hong рекол дека станува збор за прв робот од овој вид.  Главниот новитет кој е дел од овој робот се неговите актуатори, кои се посебно дизајнирани за да функционираат како билошките мускули.

artemis1

artemis2

ARTEMIS роботот е развиен како хуманоиден робот за општа намена, и е резултат на работата на истражувачите од Лабораторијата за роботика и механизми при Универзитетот во Калифорнија. Роботот е висок 142 cm, и има маса од 38kg. Според тврдењата на истражувачите, ARTEMIS минувал 2,1 метар во секунда во текот на лабораториските тестови, што значи дека е најбрзиот хуманоиден робот на светот. Се верува дека тој е само третиот хуманоиден робот на светот, и прв кој е создаден во академска средина. Студентите го тестирале роботот во текот на рутинските прошетки во кампусот со цел да го подготват за RoboCup, а претстои и негова детална проверка на фудбалскиот терен. Инаку RoboCup е е меѓународна научна конференција на која роботите ги демонстрираат своите способности во различни категории.

artemis3

Испрати коментар

Scroll To Top