Во светот кој постојано се менува, потребата од одржливи материјали, станува се поизразена. Научниците од Универзитетите во Штутгарт и Фрајбург нудат иновативни решенија, развивајќи интердисциплинарен пристап во градежништвото. Овој пристап ги комбинира роботиката и биомиметиката, отварајќи врата за создавање ефикасни и одржливи решенија. Нивниот најнов проект, „лесен павилјон од дрво“ е лоциран на Универзитетот во Фрајбург и служи како лабораторија за тестирање и истражување на нови материјали и методи на градење. При изградбата на павилјонот наречен livMatS Biomimetic Shell @ FIT, научниците користеле нови методи на планирање во кои се користата дигитални алатки, роботизирани процеси на градба, како и нов вид интеракција помеѓу луѓето и машините. На овој начин, овозможена е значајна заштеда на ресурси во споредба со конвенционалната конструкција.
Користени се биомиметички принции, инспирирани од структурата на скелетот на морскиот еж. Резултатот е исклучително лесна и цврста конструкција. Научниците користеле одржливи дрвени материјали и го оптимирале производството со цел минимум отпад во текот на роботизираното производство. Со анализ вр прицпипот на животен циклус, утврдено е дека потрошувачката на материјали за оваа зграда е намалена за над 50%, а нејзиниот потенцијал за глобално затоплување за 63% во споредба со конвенционална дрвена зграда. Подната плоча на оваа зграда е направена од рециклиран бетон. Таа ја загрева и лади зградата користејќи геотермална енергија. На светларникот е поставен систем за заштита од сончевото зрачење, кој ја регулира температурата и влажноста, а составен е од елементи произведени со адитивни технологии.
Проектот претставува пример за ресурсно ефикасна градба. Во иднина, научниците планираат да истражуваат други решенија за проектирање на фасади на зградите, кои ќе можат да се прилагодуваат на условите на околината, како температура и сл. На тој начин, може да се создадат пријатни услови во затворениот простор и да се овозможи зградата да функционира на CO2 неутрален начин. Овој проект е пример за спојување на дизајнот, науката и технологијата во создавање објекти кои се естетски привлечни, одржливи и ефикасни.