Уште во јуни 2015, холанската компанија која се занимава со 3D печатење, планира да печати пешачки челичен мост преку амстердамскиот канал Oderezijds Achterburgwal. Мостот сега веќе е комплетиран и останува само да се монтира преку каналот.
За изградбата на овој мост, компанијата ги користела своите четири MX3D-метал роботи. Тие се состојат од роботски раце за заварување кои поставуваат „грутка“ растопен метал, а потоа се додава наредна, по што тие се стврднуваат се додека не се креира целиот метален столб. Контролирајќи ја точката во просторот каде се врши заварувањето, можно е да се контролира ориентацијата на столбовите. Не се потребни никакви дополнителни материјали, и на овој начин може да се изведат прилично големи конструкции. Мостот е долг 12,5m и широк 6,3m, а за неговото печатење биле потребни 6 месеци. Во него се вградени 4.500kg нерѓосувачки челик и 1.100km жица.
Првобитно било планирано роботите да го изработуваат мостот на самата локација, но утврдено е дека тоа е непрактично.