Флота роботи на тркала веќе е на улиците на Москва и разнесува пошта. Тестирањето на овие „роботи поштари“ е започнато како партнерски проект на националната пошта и технолошкиот конгломерат Yandex. Благодарение на вештачката интелигенција, овие роботи можат да доставуваат пошта во радиус од два километри околу одредени пошти во Москва. Во првата фаза, жителите ќе имаат можност да изберат робот како опција за достава на пошта, а на располагање ги има вкупно 26. Yandex веќе користи 50 ровери за сервисот GrubHub за достава на храна на Универзитетот Охајо во САД. Руската пошта во 2018 година се обидела да го реализира првиот лет со дрон над Сибир, но за жал неуспешно, откако кратко по полетувањето дронот удрил во ѕид. Четири години претходно, руската пицерија Dodo Pizza почнала да користи дронови за достава на нарачките. Во САД, бројни ланци нa ресторани и други бизниси, експериментираат со автоматизација во производството и логистиката, со цел да го компензираат недостатокот од работна сила и/или да ги намалат трошоците.