Насловна / Вести / Роботи – медицински сестри, уште едно кинеско решение за борба против коронавирусот

Роботи – медицински сестри, уште едно кинеско решение за борба против коронавирусот

Во едно болничко одделение во болница во Вухан, работат роботи со цел максимална заштита на медицинскиот персонал од коронавирусот. Новото одделение на болницата кое е направено со пренамена на еден спортски центар, на 7ми март примило 200 заразени пациенти. Роботите се оспособени да носат храна и лекови, како и да ја одржуваат хигиената кај пациентите. Физички се разликуваат, па така некои имаат хуманоидни глави и раце, а во долниот дел имаат тркалца. Се движат самостојно, но со нив управува персоналот кој е сместен вон затвореното одделение. Овој проект е остварен во соработка на компанијата Cloudminds, China mobilе и болницата во Вухан. Инаку директорот на оваа болница минатиот месец почина токму од последиците од корона вирусот.

robotsnursery1

robotsnursery2

robotsnursery3

Испрати коментар

Scroll To Top