Насловна / Архитектура / Роботи и дронови ќе градат музеј во Сеул

Роботи и дронови ќе градат музеј во Сеул

Компанијата Melike Altınışık Architects го претставила проектот „Robot Science Museum“ во Сеул, кој ќе биде изграден со користење на роботи и беспилотни летала, пишува Dezeen.
Роботите ќе бидат користени за изградба на металната фасада со кривини во јужнокорејскиот главен град, кои ги нарачала сеулската влада со цел јавноста да се едуцира за раоботите.

1
Делови на конструкцијата ќе бидат обликувани, заварени, монтирани и исполирани од роботи. Роботи ќе се користат и за 3Д печатење на бетонската галантерија која ќе се наоѓа околу музејот.
Дронови ќе се користат за мапирање, инспекција на локацијата и контрола на роботизираните градежни возила.
Со вклучување на роботите во изградба на сферната конструкција, Melike Altınışık Architects (MAA) планира да го прикаже потенцијалот кој го имаат роботите пред да се отвори музејот.

2
„Роботите нема само да бидат прикажани во музејот, туку тие ќе учествуваат и во неговата изградба, па со самото тоа ќе станат и дел од проектот. Роботите ќе бидат вклучени во сите фази на реализацијата“, изјави архитектицата Melike Altınışık, основач на МАА. „Со други збориви, „Robot Science Museum“, првото претставување на роботите ќе го прикаже за време на градење на самиот објект, каде роботите ќе бидат присутни на лице место“.
Користење на роботите за изградба на фасадата на објектот ќе заштеди време и пари.
Работите на изградбата, кои воедно ќе бидат и изложбен настан ќе почнат 2020. година, а музејот ќе биде завршен во 2022. година. „Robot Science Museum“ е еден од неколкуте музеи кои се градат во склоп на обновувањето на подрачјето Chang-dong во Сеул.
Основана од Melike Altınışık во 2013., турската архитектонска компанија во своите најпознати проекти ги вбројува Istanbul Çamlıca TV и Radio Tower кој е во изградба во моментов.

3
Неколку архитекти експериментираат со потенцијалот на роботите во сферата на градежништвото за заштеда на време. Archi-Union Architects изгради конференциски центар во Шангај за само 100 дена, користејќи роботи за проектирање и изградба.

Испрати коментар

Scroll To Top