Насловна / Вести / Робот е ангажиран како чувар на најголемата електрана во Австрија

Робот е ангажиран како чувар на најголемата електрана во Австрија

Најголемата електрана во Австрија, сместена во виенскиот округ Simmering, добива необично зајакнување на својот тим. Имено, виенското градско енергетско претпријатие Wien Energie има ангажирано роботско куче, кое повеќе пати дневно ќе врши обиколка на постројката, ќе ги лоцира и пријави дефектите, а ќе придонесе и за сигурно снабдување со електрична енергија на над 800.000 домаќинства во Виена.

ed1

ed2

Energy Dog, како што на прекар го викаат вработените на електраната, е прв робот куче од овој вид во Европа, кој ќе се користи за овие цели. Роботот е тежок приближно 40 килограми, и опремен е со бројни камери и сензори, меѓу кои се на пример термовизиска камера, акустичен сензор и сл. Може да ја обиколи и провери постројката за околу 90 минути, да препознае одредени опасности како истекување на гас во рана фаза и сл. Energy Dog сега минува низ тест фаза, а со знаење го хранат стручњаците од оперативните погони на постројката. Врз база на собраните податоци и математичките модели, вештачката интелигенција има решенија за секоја ситуација. Имено, роботот во рана фаза ги препознава отстапувањата од нормалниот режим на работа и ги пријавува во контролниот центар. Од идната пролет, роботот ќе биде на редовна должност 24 часа дневно.

ed3

 

Испрати коментар

Scroll To Top