Насловна / Архитектура / Rita House во Аргентина, чувство дека се живее во шума

Rita House во Аргентина, чувство дека се живее во шума

Аргентинското архитектонско биро Estudio Fernandez Renati проектирало приватна куќа со тенки и заоблени настрешници во шума во Ituzaingóu, Аргентина.

1_resize

Наречена Rita House, куќата од 692 квадратни метри е сместена во бујна шума и обликувана според постоечките карактеристики на топографијата.

Куќата е реализирана како дел од втората од серијата органски куќи, како што се Chloé, Borja и Filippa.

2_resize

Бирото ги следело истите принципи во сите куќи, „развиваме концепт кој лежи во материјализирање и повторување на збир на проектни операции кои во нашето биро ги нарекуваме ‘Housing Manifesto‘“.

3_resize

Според архитектите, некои елементи на проектот одиграле важна улога во проектирањето, како што се обезбедување внатрешен двор, вкрстено осветлување и вентилација, развивање просторни односи, ограда од мебел, користење на автохтони материјали, давање архитектонски насоки и пристап до кровот.

4_resize

Куќата се наоѓа на локација со површина од 2.500 квадратни метри на периферијата на Буенос Аирес.

Бидејќи доминираат стари дрвја, архитектите направиле се да ги зачуваат дрвјата на локацијата.

5_resize

Поради падот на теренот, половина од приземјето е поставено од другата страна на падината и обложено е со тули. Вториот кат е поставен на врвот на волуменот обложен со тула и опкружен со стакло од подот до таванот.

7_resize

За да се создаде флуидна транзиција, проектантите осмислуваат оска за пациото опкружено со рампи кои ги поврзуваат покриените простори со останатите полупокриени. Според архитектите, оваа оска создава флуидна транзициона рута помеѓу просторите наменети за живеење.

6_resize

Тенка и заоблена настрешница од бетон, е уште еден континуиран елемент што ја дефинира куќата. Настрешницата, ослонета на тенки челични столбови, продолжува до другата страна на куќата.

8_resize

„Куќата е делумно вкопана во терен, изложена е на сонце во текот на денот“, велат од бирото.

„Одлучивме да го замениме традиционалното лоцирање на просторот, приватните простори се на приземје, а заедничките, социјалните на горниот кат“.

12_resize

Архитектите ги карактеризирале собите со приватен, мирен и затворен простор, што дава чувство дека сте во шума.

Дневната соба е подигната на висина на крошните на дрвјата и има вкрстена вентилација и осветлување во текот на денот, од овој простор овозможен е пристап до целата куќа.

10_resize

Поради следењето на природниот пад на теренот, има висинска разлика во нивоата внатре, пред да се влезе во дневната соба. На второто ниво, сместена е работна соба со независен пристап и просторија за гости.

Архитектите избирале едноставни и ефикасни материјали, бетон, тула и дрво, давајќи му фокус на природното опкружување.

9_resize

13_resize

11_resize

14_resize Model Model Model

Испрати коментар

Scroll To Top