Насловна / Вести / Рио Мадера – најдолгиот далновод на светот

Рио Мадера – најдолгиот далновод на светот

Со должина од 2,375  километри, преносниот систем Рио Мадера е импресивен потфат за електроенергетската инфраструктура во Јужна Америка, и е најдолг далновод во светот.riomadera-2

Предничи во однос на второрангираниот Jinping – Sunan во Кина, за речиси 300 km. Далноводот Рио Мадера е со напон од 600kV, се градел две години, и комплетно е завршен и пуштен во функција во ноември 2013. Системот ги поврзува двете хидроцентрали на реката Мадера (Santo Antônio и Jirau) во северозападен Бразил со главните потрошувачки центри на југоисток.L_CU HVDC

Производството на електрична енергија  во Бразил се базира 95% на хидроенергијата. Од друга страна пак, потрошувачката на енергија е прилично различна по региони, меѓу кои регионот на Сао Паоло има многу висока специфична потрошувачка која е над 40% повисока од просекот во земјата.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top