Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура УНЕСКО, го прогласи бразилскиот град Рио де Жанеиро „Светска престолнина на архитектурата“ за 2020. година. Одлуката ја соопшти во Париз помошникот на генералниот директор за култура Ернесто Ренато Отоне Рамирез.
Во оваа прилика, Рио де Жанеиро ќе биде домаќин на неколку настани на тема „Сите светови, еден свет ” и ќе ја промовира 11-тата цел на Агендата за одржлив развој 2030 година: „Создавање градови и населби отворени за сите, безбедни, еластични и одржливи “.
Ова е прв пат на градот да му биде доделена титулата Светски главен град на архитектурата . Целта е овие градови е да станат „меѓународен форум за дебати каде светските прашања ќе бидат адресирани од гледна точка на култура, културно наследство, урбанизам и архитектура”.
Оваа одлука следи и по потпишувањето на партнерството помеѓу УНЕСКО и UIA (Меѓународната унија на архитекти). Градот, исто така, ќе биде домаќин и на Светскиот конгрес на UIA, кој се одржува на секои три години. Рио де Жанеиро е избран пред Париз и Мелбурн за град во кој ќе се одржи 27. Светски конгрес на UIA во јули 2020 година.
Со локалните институции, УНЕСКО и UIA ќе организираат активности со кои ќе се потенцираат проекти поврзани со архитекти, урбани планери, како и носители на одлуки, претставници на социјални институции, професионалци од други сектори, уметници и писатели.
Иницијативата „Светска престолнина на архитектурата“ ја покренаа Унеско и UIA во ноември 2018. година.