Насловна / Вести / Римац работи на автомобил побрз од болид на „Формула 1“

Римац работи на автомобил побрз од болид на „Формула 1“

Хрватската компанија Rimac Automobili пред неколку дена во Калифорнија го претставила моделот Nevera R, фокусиран на тркачките патеки, а сега Mате Римац открива дека неговиот тим работи на ултимативен автомобил наменет за тркачки патеки. За разлика од некои други брендови кои се натпреваруваат во светот на хиперавтомобилите, Римац допрва треба да влезе на овој пазар. 

Деталите за овој модел сеуште се мистерија, но Римац рекол дека автомобилот ќе биде базиран на уникатна платформа и дека ќе има кокпит во стил на купола. Моделот ќе биде претставен до крај на годинава, а ќе дебитира на трките во 2025 година. Римац најавува дека моделот ќе отиде чекор понапред од болид на „Формула 1“.

 

Испрати коментар

Scroll To Top