Rimac Technology и Ceer, со седиште во Саудиска Арабија склопиле партнерство за производство на електрични возила. Ceer, првиот бренд за електрични возила во Саудиска Арабија, претставува заедничко вложување помеѓу Фондот за јавни вложувања (PIF) и компанијата Hon Hai Precision Industry Co. (Foxconn).
Ceer и Rimac Technology склучиле договор за испорака на целосно интегрирани системи за електричен погон (electric drive systems – EDS), со високи перформанси, за серија на електрични возила од брендот од Саудиска Арабија. Партнерството означува понатамошна еволуција на работењето на компанијата Rimac Technology од апликации со ограничен обем и високи перформанси, до проекти од голем обем. Rimac Technology, компанијата која обезбедува технолошки решенија за електрични возила, веќе сорботува со други светски производители на автомобили. Во април склопи договор со BMW, а потпишани се и повеќе договори за европски проекти со среден до голем обем. Извршниот директор на Ceer рекол дека се многу задоволни што се прва компанија и прв ваков голем проект од земјите кои ги обединува Советот за соработка во Заливот.
Мате Римац, основачот и извршниот директор на Римац групата, нагласил дека соработката со компанијата Ceer дополнително ги зацврстува амбициите на компанијата Rimac Technology во областа на електрификацијата. Двете компании соопштиле дека подоцна ќе објават повеќе детали за оваа нивна соработка.