Како гром од ведро небо се појави веста дека Koenigsegg и Rimac Automobili со заеднички сили ќе произведат електричен хипер автомобил. Koenigsegg e релативно мал производител кој веќе најави два мега автомобили, моделите Gemera и Jesko, a сега е потврдено дека работи на сосема нов хипер автомобил. Првиот човек на компанијата Christian von Koenigsegg претходно рекол дека не сака да произведе електричен автомобил, но се чини дека неговото мислење се променило бидејќи Koenigsegg се здружил со Rimac Automobili во развојот на нов електричен автомобил.
Сеуште нема детали за изгледот на неименуваниот нов електричен хипер автомобил, кој се развива под името Project Spöke, но би можело да се поврзат со тизерот објавен во јануари годинава. Како и да е, Project Spöke доаѓа, а неговото име потекнува од шведскиот збор кој значи „дух“. Важно е да се спомене дека и покрај соработката со компанијата Rimac, шведскиот производител сепак ќе ги имплементира своите електрични мотори. Од друга страна, во овој проект ќе бидат користени батерии на Rimac, а неофицијално новиот автомобил би можел да има моќност од 2000hp. Многу повеќе детали за овој автомобил се очекуваат до април следната година, а потенцијалните доверливи купувачи веќе имаат добиено информации.