Мате Римац, основачот и ивршен директор на „Римац Група“, го претстави Verne, автономно електрично роботакси, кое добило име по францускиот писател Жил Верн. Новиот концепт го осмислиле Римац и двајца негови колеги од компанијата – Марко Пејковиќ, сега генерален директор на компанијата Verne, и Адриано Мудри, дизајнер на познатиот автомобил Nevera и главен дизајнер во Verne. Свеченото претставување е одржано е кампусот на „Римац Група“ недалеку од Загреб.
Новата услуга и нејзиниот екосистем базирани се на три клучни елементи: целосно автономно електрично возило, апликација по мерка и специјализирана инфраструктура. Првите вакви роботаксија ќе почнат да сообраќаат во Загреб од 2026 година. Во наредниот период Verne ќе биде претставен во другите европски градови, прво во Велика Британија и Германија, а потоа на Блискиот исток. Компанијата соопштува дека веќе потпишала договори со 11 градови во ЕУ, Велика Британија и Блсикиот исток и дека е во преговори со над 30 градови ширум светот кои сакаат да станат партнери. Истакнуваат дека возилото ќе биде осмислено на целосно нова платформа дизајнирана да обезбеди сигурност и удобност, проектоирана исклучиво за автономно возење и со користење на автономната платформа Mobileye Drive. Купувачите можат да ги персонализираат подесувањата на возилото преку апликација пред да го нарачаат возењето. На тој начин, возилото ќе изгледа токму онака како што им се допаѓа на клиентите кога станува збор за удобноста, осветлувањето, температурата и сл.