Документарниот филм The Unstoppables, на американската ТВ куќа CNBC е работен во соработка со консултантско – ревизорската компанија EY, и ги претставува приказните на тројца незапирливи претприемачи од различни страни нa светот кои создаваат подобра иднина низ технологија, иновација и создавање на долгорочни вредности.
Ова одбрано престижно друштво го сочинуваат хрватот Мате Римац, корејскиот претприемач JungJin SEO, основач на биофармацевтската компанија Celltrion Group и Carla Walker-Miller, основач на енергетската компанија Walker-Miller Energy Services. Учеството во овој меѓународно препознатлив документарец, претставува уште едно признание за Мате Римац, хрватскиот иноватор и претпроемач на годината според EY за 2017 година.
Овие извонредни претприемачи во документарецот ги споделуваат своите искуства и вредни лекции за тоа како да се остане одлучен и во неволја, и како идејата да се претвори во успешен бизнис. Документарниот филм The Unstoppables (незапирливи), ги слави тројцата претприемачи кои ја препознале приликата, биле амбициозни во тоа да ја реализираат, и истрајале и тогаш кога тоа се чинело невозможно. Филмот потврдува како Римац бил истраен во период кога самата идеја за електрични автомобили во Хрватска била во зародиш и кога се чинело невозможно воопшто да се произведе автомобил во оваа земја. Но, тој ја реaлизирал својата идеја, докажал дека и во Хрватска можат да се произведуваат високотехнолошки производи и го изнeнади светот со својата глобална конкурентност – како производител на сериски електрични автомобили со најголемо забрзување во светот.
The Unstoppables е вистинска инспирација за размислување надвор од рамката. Ја презентира првенствено храброста за прифаќање на различноста, прифаќање на припадноста, намалување на нееднаквоста и изградба на подобро опкружување. SEO, Rimac и Walker-Miller го докажуваат тоа. Документарецот можете да го погледате ОВДЕ.