Насловна / Вести / Rimac automobili планира отворање на нова фабрика во Италија

Rimac automobili планира отворање на нова фабрика во Италија

Компанијата Rimac Аutomobili собра 500 милиони евра во новиот круг на финансирање, кое го предводат Softbank и Goldman Sachs, како и постоечките акционери, вклучувајчи ги и Porsche. Тоа ја поставува вкупната вредност на овој хрватски производител на автомобили на над 2 милијарди евра. Најголемиот дел од новите средства ќе бидат вложени во проширување на производните капацитетии зголемување на обемот на технолошкото работење, со цел достигнување на 100.000 батерии годишно помеѓу 2024 и 2025 година.

rimac4

Оваа компанија, која во моментот има над 1.500 вработени, сака да вработи уште 700 луѓе во оваа година, и истражува нови локации за своја фабрика. Италија е оценета како најповолна опција поради високата достапност на квалификувани работници. За Financial Times, сопственикот на компанијата Мате Римац го коментирал и проектот робо-такси во Загреб, кој се развива во последните три години, во засебната компанија Project 3 Mobility. Тој истакнал дека во последните две години сериозно се работи на прототиповите, а во јавноста ќе се објават повеќе детали кога ќе биде подготвена целокупната технологија. Минатата година, Римац изјави дека во 2024 година Загреб ќе има автономни такси возила.
rimac2

Испрати коментар

Scroll To Top