Римската градска управа го претстави Инвестицискиот план за зелени површини. станува збор за 61 различни мерки кои ќе бидат реализирани до крајот на 2023 година, а за кои се издвоени 69 милиони евра. Ова се дополнителни средства, додека околу 50 милиони евра се наменети за тековно одржување. Граѓаните имаат на располагање интерактивна мапа преку која ќе можат да ги следат активностите поврзани со реализацијата на планот.
Предвидени се 19 проекти за обнова, меѓу кои и проектот за обнова на паркот Villa Ada вреден 9 милиони евра, и проектот за набавка на нови сандици дрвја за кој се издвоени 2 милиони евра. Уште 29 проекти имаат вредност од над два милиони евра, меѓу кои се инвестиции во паркови за миленици, зеленило на гробиштата и сл. Градоначалникот на Рим рекол дека станува збор за добро разработен план, кој доаѓа како одговор на промените кои се случуваат поради интензивниот развој на градот, и кој е неопходно да се реазлизира заради обезбедување на подобар квалитет на живот.