Една од најубавите атракции на Рим, позната ни е од култниот филм „Празник во Рим“ со Одри Хепберн. Хепберн во филмот јаде сладолед на т.н “Шпански скали“, кои благодарение на овие сцени стекнаа уште поголема светска слава. Станува збор за 135-те скалила кои го поврзуваат Шпанскиот плоштад со споменатата црква, кои се изградени во првата половина на 18-тиот век во барок стил.
Името „шпански“ го добиле бидејќи се изградени со цел да ги поврзат шпанската амбасада и црквата. Во времето на изградбата, тоа биле величенствени и широки скали какви што не можеле да бидат често видени во Европа. Целата сцена е разубавена со раскошната фонтана со чудно име Fontana della Barcaccia или „грозниот брод“ бидејќи наликува на брод кој тоне. Освен тоа што служат како место за дружење и атракција за туристите, овде може да се сретнат и сликари во творечки амбиент, а се организираат и културни настани.