Насловна / Архитектура / Ријека е домаќин на најголемиот натпревар за студенти по архитектура и градежништво во регионот

Ријека е домаќин на најголемиот натпревар за студенти по архитектура и градежништво во регионот

По големите успеси претходните две години, трет пат по ред повторно ќе се организира регионалниот студентски натпревар Allplan.

Станува збор за еден од најзначајните и најголеми стручни собири кој на едно место ќе собере 17 архитектонски факултети и 25 градежни факултети од шест балкански земји. (меѓу кои и Архитектонскиот и Градежен факултет,УКИМ, Скопје)

2

Градежниот факултет на Универзитетот во Ријека

Домаќин на студентскиот натпревар Allplan 2023 кој ќе се одржи од 19. до 21. јули е Градежниот факултет на Универзитетот во Ријека. Иницијатори и организатори на настанот се Baldinistudio и Baldinistudio International, а генерален спонзор е ALLPLAN и Nemetschek Company.

„По својот вид, ова натпреварување е единствено во светот и во регионот. Како такво, организирано е со цел да се модернизира високото образование на инженерите и да се промовираат БИМ методите на работа“, велат организаторите.

0

ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ

„Allplan Student Competition е токму она што им недостигаше на студентите на овие простори – можноста да учат и да напредуваат во современиот БИМ начин на проектирање, разбирање на нов пристап кон бизнисот, пријатна работна атмосфера во опкружувањето на колеги од целиот регион, размена на искуства и пријателства кои остануваат за цел живот“ – вели еден од минатогодишните задоволни учесници.

Главната цел на студентскиот натпревар 2023 е да го промовира БИМ начинот на работа преку користење на Allplan програмите. Покрај тоа, настанот има повеќе посебни цели, од кои се издвојуваат:

  • поттикнување на дигитализацијата во градежната индустрија
  • јакнење на инженерската професија и струката
  • создавање на регионална мрежа на инженери
  • поврзување на факултетите и стопанството
  • зголемување на конкурентноста на студентите

1

Единствено по својот обем и значај, овој натпревар е добра можност за студентите по архитектура и градежништво, кои преку работни задачи, тимски проекти и презентација на своите дела, креативност и снаодливост, ќе го измерат своето знаење и ќе се запознаат со решавање на реални проектантски задачи.

Покрај тоа, студентите ќе имаат можност да ги искористат и применат стекнатите теоретски знаења, да стекнат нови вештини, но и да се претстават пред потенцијалните работодавци.

3

ДВЕ ФАЗИ НА НАТПРЕВАРОТ

Како и претходните години, студентскиот натпревар се одвива низ подготвителни фази I и II, а кои го сочинуваат факултетскиот и регионалниот натпревар.

Годинешната подготвителна фаза имаше одредени промени во однос на претходните години, па така тридневната едукација за студентите ја одржаа БИМ амбасадорите кои и самите претходно биле натпреварувачи за своите факултети.

Во тек на првата фаза од натпреварот, Allplan Faculty Hackathon, формирани се тимови од по двајца студенти. За време на осумдневниот студентски натпревар, тимовите ги покажале своите Allplan вештини, а само најдобрите од нив се пласираа на големиот регионален натпревар Allplan и добија шанса да се борат за вредни награди.

Во втората фаза од натпреварот, најдобрите факултетски тимови заедно со своите ментори ќе учествуваат на големиот регионален натпревар Allplan, кој ќе се одржи од 19 до 21 јули, на Градежниот факултет на Универзитетот во Ријека.

Низ натпревар и дружење, тимовите ќе решаваат сложени задачи во Allplan и ќе се борат за вредни награди и стручни признанија.

Испрати коментар

Scroll To Top