Риека е првиот град во Хрватска избран за европска престолнина на културата, а титулата ќе ја сподели во 2020 година со уште еден ирски град.
Освен победникот Риека, други хрватски градови-кандидати биле Дубровник, Пула, Осиек, кои влегле во вториот круг, а со свои кандидатури учествувале и Ѓаково, Сплит, Вараждин, Задар и Загреб.
Акцијата „Европска престолнина на културата“ била покрената во 1985 година од Мелина Меркури, познатата актерка и тогашна грчка министерка за култура, а прв главен град на културата бил Атина.
Првите две децении за оваа титула биле избрани метрополи со богато културно наследство, а во последниве години тоа се градови со средна големина, кои се поттикнуваат да бидат расадник на идеи, место на средби и движечки сили на нови промени преку запознавањето на различните европски култури.
Оваа година, да се потсетиме, културни престолнини се Вроцлав и Сан Себастијан. Следната година се Орхус (Данска) и Пафос (Кипар), во 2018 година Валета (Малта) и Луварден (Холандија), а во 2019 се Матера (Италија) и Пловдив (Бугарија).
Од регионот градот Марибор бил престолнина во 2012 година.
Во светот се избираат и градови за американски престолнини на културата (почнувајќи од 2000 година) и арапска престолнина на културата (од 1996 година).