Новиот музеј Moesgaard е проект на Henning Larsen Architects и е уникатно сместен на ридест терен во Skåde, Данска.
Со неговиот терасест кров од трева, мов и цвеќиња во светли бои, објектот го прави моќно визуелното обележје кое е видливо и од море и од копно.
Правоаголната форма на покривот како да расте од пејзажот, така што преку летото се формираат места за пикник, скара, предавања и други активности кои корисниците самоиницијативно ги организираат. Но, кога ќе падне снег во зима, кровот се трансформира во голем лизгачки тобоган.
Ентериерот на зградата е дизајниран како разновиден терасест пејзаж инспириран од археолошки ископи каде постепено се откопуваат слоеви низ историјата и се изложуваат изгубените градови. Посетителите можат да се движат низ живописните изложби и научните екперименти- како патувачката временска машина.
Со своите светли дворови, терасите и малите пештерски простори, музејот повикува нови и алтернативни видови на изложување. Во срцето на зградата се наоѓа фоаје со кафетерија и надворешни сервиси. Од фоајето, терасестото подземје се отвора кон светлината што доаѓа од покривот и има импресивен поглед кон заливот Århus.