Ричард Роџерс се повлекува од Rogers Stirk Harbour + Partners после 43 години, во кои е запаметен како еден од најголемите живи британски архитекти. Познат е по својата hi-tech архитектура, која ги вклучува зградата Lloyd во Лондон, и центарот Pompidou во Париз (заедно со Ренцо Пиано). Добитникот на Прицкеровата награда стана еден од најпосебните светски архитекти, користејќи светли бои и конструктивни елементи за да создаде препознатлив стил.
Роџерс е роден 1933 година во Фиренца, но неговото семејство се преселило во Британија пред почетокот на Втората светска војна. Студирал архитектура на престижниот Јеил во САД со Норман Фостер, каде ја запознал и студентката на урбанизам, Su Brumwell, која подоцна ќе му стане сопруга, . Во деведесеттите години од минатиот век се вклучува и во политиката, како член на House of Lords. Осум години бил главен советник за архитектура и урбанизам на градоначалникот на Лондон.