Насловна / Вести / Ribbon of Light – најголемиот мост во историјата на Лос Анџелес

Ribbon of Light – најголемиот мост во историјата на Лос Анџелес

Архитектонското биро од Лос Анџелес, Michael Maltzan Architecture, деновиве ја привршува реализацијата на проектот за изградба на Вијадуктот во Шестата улица во овој милионски калифорниски град.

2_resize

Структурата, која неодамна беше наречена Ribbon of Light, е долга 1.067 метри, а новото име се должи на нејзината форма која се состои од повеќе бетонски лаци осветлени одоздола.

5_resize

Препознатливи лаци и некогаш и сега

Додека претходната структура – изградена во 1932 година и многу користена во текот на децениите – била наменета само за автомобилски сообраќај, новиот вијадукт, кој се протега над реката Лос Анџелес, како и преку автопатот US 101 и локалните населби, наменет е и за велосипедисти и пешаци.

7_resize

Конструкцијата се карактеризира со десет пара лаци во вид на врвки, кои се нагласени со осветлување, а може да се каже дека дизајнот е значително насочен кон претходната структура, која исто така имала препознатливи лаци.

Изграден претежно од бетон и челик, мостот е широк 30,48 метри и закривен во радиус од 1.524 метри, пишува Dezeen.

Вијадуктот Ribbon of Light ќе го поврзе квартот Boyle Heights на исток од градот со западниот центар на ЛА и Уметничката четврт.

1_resize

„Оддавајќи му почит на дизајнот на претходниот мост, новиот вијадукт ги поставува своите највисоки парови лаци на делот што ја преминува реката Лос Анџелес, на местото каде беа оригиналните лаци, а позиционира уште еден повисок пар како порта кон исток“, велат од бирото.

Лаците на вијадуктот се благо навалени кон површината на реката и изгледаат како да го гушкаат трупот на мостот, додека ЛЕД осветлувањето е поставено над и под трупот, што го засилува ефектот на присуството на лаците.

8_resize

Новиот градски светилник

„Нагласеното осветлување под трупот ги осветлува долните страни на лаците. Мостот, видлив од многу делови на градот, на овој начин има можност да биде осветлен како градски светилник“, додаваат архитектите.

Долж мостот се организирани велосипедски и пешачки патеки, а за што поефикасно поврзување на вијадуктот со населбите, архитектонското биро предвидело и спирални рампи.

12_resize

Под мостот има и јавен парк со површина од 12 хектари, проектиран од Hargreaves/Jones Associates, а на ова место е организиран со идеја да се олесни поврзувањето на заедницата со проектот, но и населбите кои се во близина да се поврзат со реката.

Оригиналниот Sixth Street вијадукт бил изграден покрај голем број други мостови во градот, а поради неговата големина бил изграден на лице место, користејќи песок од реката Лос Анџелес.

10_resize

Како што објаснуваат архитектите, материјалите во бетонот довеле до алкална силициумска реакција, поради што структурата била оштетена веќе 20 години по нејзината изградба.

Со текот на времето се испробани разни скапи, и за жал, неуспешни методи да се спаси вијадуктот. Сеизмичките студии на крајот ја прогласиле дека понатамошната употреба на мостот е неизводлива и тој е урнат во 2016 година.

6_resize

При изградбата на новата конструкција е употребена бетонска смеса со ниско ниво на собирање, додека подната плоча е изработена со мешавина од бетон армиран со влакна. По должината на основата на вијадуктот се користени 32 сеизмички изолатори.

Ribbon of Light го претставува најголемиот проект на еден мост во историјата на Лос Анџелес, а за негова реализација беа издвоени повеќе од 588 милиони долари.

Испрати коментар

Scroll To Top