The Urban Conga во соработка со HIVE Public Space и Long Island City Partnership создале нова урбана интервенција насловена „Ribbon“, живописна и интерактивна инсталација за луѓето да се поврзат, споделуваат и учат за меѓусебните искуства во Long Island City, Њујорк. Секоја единица вклучува кинетички делови кои ротираат, рефлектирајќи го околниот контекст и откривајќи различни „љубовни пораки“ кои локалното население ги пишува за градот.
Поставен должј различни пресечни точки на јавен превоз, „Ribbon“ е дизајниран како привремена инсталација која истражува нови начини за повторно прилагодување на постоечките простори, како би станале платформи за социјална интеракција низ гејмифицирани дизајни. Живописните магента единици се обвиткуваат околу различни пешачки патеки и заеднички простори низ градот, станувајќи „гест од отворен тип“ за жителите да придонесат за заедницата преку споделување на нивните размислувања и искуства, пишува ArchDaily.
Континуитетот на интервенцијата врамува одредени моменти во урбаното ткиво на Long Island и создава чувство на насока што ги поттикнува корисниците да истражуваат нови патишта на градот. Покрај кинетичките единици, QR кодот им овозможува на членовите на заедницата да ги достават своите белешки LIC (Long Island City) и да станат дел од уметничкото дело. Приложените „љубовни пораки“ се движат од песни до мотивациски цитати што ги напишале заедницата и посетителите и постојано се менуваат со текот на времето, давајќи простор за нови размислувања за градот.
„Ribbon“ е една од многуте интерактивни урбани интервенции што се градат низ градот, почнувајќи од мурали до доживувања на проширена реалност, а сите фокусирани на јакнење на заедницата. Овој проект е соработка помеѓу The Urban Conga, Hive Public Space, NYC Parks and Recreation, Boyce Technologies и Long Island City Partnership.