Насловна / Архитектура / RIBA објави водич за родова рамноправност во архитектонските фирми

RIBA објави водич за родова рамноправност во архитектонските фирми

Познато е дека во светот постои воочлива разлика помеѓу платите на мажите и жените на исти позиции, а овој тренд одамна ја зафатил и архитектонската пракса. Поради ова една значајна институција одлучила да им помогне на архитектонските компании така што целата проблематика ја предочила „црно на бело“.

poso3
Кралскиот институт на Велика Британија – RIBA (Royal Institute of British Architects) објави официјален ВОДИЧ за креирање родово рамноправни плати во архитектонските фирми под наслов „CLOSE THE GAP– Improving Gender Equality in Practice“.

Институтот соопштението за објава на овој водич го испрати со порка дека од компаниите членки, очекува дека ќе ги почитуваат сите стандарди наведени во публикацијата со што би се подобрила состојбата на полето родова рамноправност во земјата, а со самото тоа и зголемила можноста за напредување на поединци од струката без разлика на нивниот родов идентитет.

poso1
Овој Водич, помеѓу останатото, подразбира и спроведување праведни, еднакви и непристрасни процедури при запослување и напредување. Од колегите се очекува не само да ја намалат разликата во платите, туку и да се потрудат подобрувањето да стане норма.

poso2
„Во нашата професија нема место за дискриминација. Сепак, скоро 50 години откако Законот за еднакви плати стапил на сила во Велика Британија и понатаму се бележат случаи на нееднаквост. Времето за промена одамна помина и сите ние – работодавците, вработените и RIBA – сносиме одговорност за тоа “, изјави Ben Derbyshire, директор на Кралскиот институт.
Водичот CLOSE THE GAP можете да го прочитате и симнете ТУКА.

Испрати коментар

Scroll To Top