Придонесувајќи за целосно нова естетска вредност на приземјето со комерцијална намена и резиденцијалниот дел на последниот кат, јапонското студио Vuko Nagayama & Associates го презентира објектот Katsutadai со буквална сепарација помеѓу двете програми.
Пристапот до приземјето пречекува со мала пекарница, ориентирана кон уличниот фронт, чија таванска конструкција прекриена со стаклена површина ја апсорбира природната светлина во текот на денот, додека во текот на ноќта ја потенцира умерената атмосфера.
Резиденцијалниот простор, пак, се развива на вториот и третиот кат, надвиснувајќи над комерцијалните содржини, на таков начин што секој волумен презентира уникатна релација во однос на екстериерот.
Воздушниот простор кој се јавува помеѓу двете програмски содржини детерминира карактеристична синхронизација помеѓу станбениот и трговскиот дел.