Во лабораторијата на Универзитетот Стенфорд, дошло до случајно откритие кое би можело значајно да го промени начинот на заштита на објектите од шумските пожари. Истражувачите откриле материјал кој ја менува структурата кога ќе се најде во контакт со оган, што би можело да доведе до развој на заштитен премаз во спреј кој ќе ги штити градбите четири пати подолго отколку сегашните производи. Имено, уште во 2019 година, тимот од Стенфорд развил хидрогел за заштита на вегетацијата од шумски пожари. Овој материјал бил усовршуван со години, се додека не одлучиле да ги испитаат неговите потенцијали во заштитата на дрвените конструкции. Нивната нова студија покажала дека хидрогелот може да пружи значителна заштита, а резултатите ги поттикнале на понатамошни истражувања.
Во текот на тестирањата, научниците откриле дека хидрогелот, богат со вода, создава заштитен слој дури и откако целата вода ќе испари. Силициумот, како клучна компонента на хидрогелот, формира моќен и порозен аерогел по изложување на пламен. Овој аерогел во облик на пена, ја задржува топлината и продолжува да го штити дрвото под себе.
Аерогеловите с епознати по својата сувост, трајност и порозна структура, што ги прави отпорни на екстремни температури. За разлика од хидрогеловите, кои се водени и деликатни, аерогеловите претходно се користени во различни напредни апликации, вклучувајќи и вселенски истражувања, изградба на изолациони материјали и собирање на вода од воздухот. Нивната способност да издржат топлина ги чини идеални за употреба во заштита од пожари. Истражувањето за ова иновативно решение е објавено во престижниот часопис Advanced Materials.