Насловна / Арт и дизајн / Револуционерна луксузна соларна јахта со потпис на Zaha Hadid Architects

Револуционерна луксузна соларна јахта со потпис на Zaha Hadid Architects

Соработката на две врвни имиња, како што се британското биро Zaha Hadid Architects и престижното италијанско бродоградилиште за луксузни јахти Rossinavi, очекувано носи револуционерен производ, претставен на Milan Design Week 2022 – катамаранот Oneiric, луксузна, одржлива јахта, водена од вештачка интелигенција.

2

Овој катамаран ги поместува границите во сферата на јахтингот, бидејќи истовремено обезбедува одличен дизајн и удобност на корисниците, а исто така се грижи за енергетската одржливост и чувување на животната средина на океанот. Прекриен е со соларни панели интегрирани во дизајнот, кои полнат батерии со висока ефикасност и овозможуваат еднодневната пловидба да биде целосно на електричен погон, додека на подолгите пловидби тоа е високи 70 отсто, со заштеда во емисијата на CO2 и до 40 тони во споредба на конвенционалните пловни објекти. Батериите кои се полнат на дневна светлина може да се користат и додека катамаранот е во мирување, па додека е врзан, батериите можат да го снабдуваат објектот со електрична енергија на копно.

3

Zaha Hadid Architects останале верни на својот препознатлив дизајн, екстериерот и ентериерот инспирирани се од флуидноста и динамиката на брановите. Кривулестите линии и рефлектирачките површини на надворешноста на јахтата продолжуваат во внатрешноста, замаглувајќи ги линиите помеѓу бродот и морето. Користените материјали се претежно рециклирани и биоразградливи.

1

Луксузна јахта со главниот апартман во ранг на најдобрите хотели, содржински е опремена за повеќедневно пловење за 10 гости.

Јахтата долга 44 метри има неколку внатрешни и надворешни простори опремени за дневен боравок и јадење, како и медијска соба со модерни технологии за забава.

4

Капацитетот на гости е 2 + 8, а сместувачките единици се состојат од главниот апартман и уште четири гостински кабини. Покрај тоа, за персоналот се предвидени дополнителни четири кабини.

Спалната соба во главниот апартман има панорамски поглед од 180 степени и прозорци кои овозможуваат влез на природна дневна светлина. Овој апартман е директно поврзан со надворешната дневна област која има специјално дизајнирани системи за засенчување.

5

6

Технолошките иновации и филозофијата за одржливост на Rossinavi се инспирирани од фитопланктонот, мала морска алга која ја претвора сончевата светлина во енергија и обезбедува повеќе од половина од годишното производство на кислород на Земјата. Нивната технологија Zero Noise, заедно со електричниот погон на соларните панели на катамаранот Oneiric, овозможува целосен акустичен комфор.

7

Испрати коментар

Scroll To Top