Насловна / Вести / Ревизија на автопатот до Охрид по 71,8 отсто изграденост и потрошени 598 милиони евра

Ревизија на автопатот до Охрид по 71,8 отсто изграденост и потрошени 598 милиони евра

Експерт ќе го чешла договорот со компанијата Синохидро за автопатот Кичево- Охрид. Претставници на компанијата беа на средба во Ј.П. „Државни патишта“.

Од Министерството за транспорт соопштија дека започнала ревизијата на Договорот за изградба на автопатската делница Кичево-Охрид.

ппп

„Проектот за изградба на автопатската делница Кичево-Охрид е под ревизија од Државниот завод за ревизија во Јавното претпријатие за државни патишта во однос на финансиските извештаи и усогласеност како и ревизија за успешност на капиталните инвестиции. Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта, преку Надзорниот орган ангажира експерт за Фидик договори преку кој треба да се обезбеди анализа на договорот, како и решенија за сите идни чекори на Владата за реализација на проектот за изградба на автопатската делница Кичево – Охрид“, соопшти Министерството за транспорт и додаваат дека се појавени 11 нови свлечишта на трасата и поради тоа ќе се ангажираат меѓународни експерти кои ќе дадат предлог проектантски решенија и мислење за целокупниот проект.

п

Ревизија и можност за раскинување на договорот со Синохидро после 10 години соработка најавија Ковачевски и Груби бидејќи се поизвесно е дека рокот до 31 декември нема да биде запазен.

Денес премиеропт Димитар Ковачевски изјави дека ќе ги почека ревизијата на Фидик експертот и ревизијата на државниот завод, а потоа Владата ќе побара од собранието да се продолжи или прекине соработката со кинеската компанија Синохидро. Вината зошто автопатот не е готов Ковачевски прст впери во изведувачот, а дали ќе има финансиски импликации премиерот без конкретен одговор.

Според официјалните информации на Јавното претпријатие за државни патишта на трасата  до август сработени се 71,8 отсто за кои потрошени се 598 милиони евра.

Испрати коментар

Scroll To Top