Архитектите од студиото WaterScales беа ангажирани околу проектот за презервација на остатоците од третиот арапски ѕид лоциран, во Алора, Малага, на југот на Шпанија. Во месноста Серо де лас Торес доминира арапскиот замок Алора од 8 век, каде се среќава импресивна ѕидна маса скриена зад вертикални поенти и бариери. Токму овие два елементи се вреднувани со ослободување од елементите што ги криеле и условувајќи ја нивната околина.
Студиото „WaterScales“ се обиде да ја пренесе историската нишка на арапските елементи преку рута што ги поврзува клучните точки долж ридот. Потегот започнува започнува од кулата, до која се пристапува преку градината, формирана од соодносот меѓу полното и празното, преку предлози од остатоците од типологијата на архетипската претстава на куќа со двор од минатото.
Од градината, ѕидното платно станува видливо при дијалог со замокот, на сметка на уривањето на оградите околу него. Ископувањето доведе до откривање на дел од иберискиот ѕид со различна платформа и основа со римски орнаменти, додека внатре се пронајдени остатоци од профана архитектура од 15 век.
Кулата е збир на текстури и геометрии што директно ја пренесуваат нејзината конструктивна еволуција. Таа е фасадно обложена од песочник од христијанскиот период, со што се заштитува влошувањето на структурата на арапскиот ѕид, со цел да се зачува неговата поинаква историска позадина.
Градината претставува симбиоза од историски вредности кои ја илустрираат типологијата на куќата со двор дефиниран за време на историската христијанска „повторна поделба“.
Ѕидовите, со бели текстури, во модерен манир, служат како рамка која го врамува просторот. Потегот на северната страна е од тули, а јужниот изобилува со камена текстура и локална геометрија. На површината се забележува вертикална лента во слична боја , пришто се акцентира видливоста на геометријата на ѕидното платно.
Патеките се испреплетуваат градејќи континуитет низ ридот водејќи до интервенцијата. Површината од коцентрични кругови ја олеснува перцепијата при поимањето на импозантниот волумен. Веднаш до него, се надоврзуваат скалишта кои водат до горната област погодна за набљудување. Благодарение на информативната ограда со перфорирани текстови, настаните во пејзажот и локацијата се именувани и посочени. Зад хоризонтот, се позиционира споменик кој се состои од простор за одмор и рекреација со три гранитни блокови во вид на монолитни клупи.
Толковниот процес на културното наследство на Алора, започнува преку ретроспективна визуелизација на градежниот процес низ низа мали нијанси преку кои се пренесува неговата суштина. Одлуките околу дизајнот и материјалот на интервенцијата во голема мера се должат на дидактичките цели релевантни за корисникот.