Насловна / Арт и дизајн / Ретроспективна изложба „Вангел Наумовски“ во Даут-пашин амам

Ретроспективна изложба „Вангел Наумовски“ во Даут-пашин амам

Утре (23 декември) во Националната галерија на Македонија, објект Даут-пашин амам, во 19 часот ќе биде отворена ретроспективната изложба „Вангел Наумовски“. На изложбата ќе бидат изложени речиси 90 дела од сите творечки фази на Вангел Наумовски, од кои најголем дел се сопственост на семејството Наумовски од Охрид, а дел за првпат се презентираат во изложбен простор, потоа НУЦК „Антон Панов“, Струмица, Град Скопје и други приватни лица. vangel_naumovski_cmyk_2208

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“- Охрид, НУ Завод и Музеј – Охрид; Hrvatski muzej naivne umjetnosti – Загреб (Хрватска); Muzej naivne i marginalne umetnosti – Јагодина (Србија); Град Скопје; Собрание на РМ; Народна банка на РМ; Стопанска комора на Македонија и голем број институции и приватни лица отстапија работен материјал за оваа изложба, фотографии за монографското издание и овозможија увид во творештвото на Наумовски.vangel_naumovski_cmyk_2242

Изложбата ќе трае до 28 февруари 2017 година.

Сликар од бајките

Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски се поврзани повеќе епитети – тој кај нас и во светот е секогаш претставуван како уникатен пример на сликар на чудесниот свет на длабочините на езерото и комплексноста на космосот, на задоволството, жената и љубовта… Неговите поетски слики со виртуозен потег го доловуваат светот на границата помеѓу сонот и јавето, меѓу земјата и космосот, царствата на растенијата и цвеќето, убавините на охридските нимфи. vangel_naumovski_cmyk_2288

Волшебните светови на соништата на Наумовски се раѓаат од неговиот однос кон природата, опкружувањето, традицијата, митовите и стилски и тематски заземаат издвоено и препознатливо место со специфичното хуманистичко и пантеистичко чувствување на светот и на човекот во него. Многупати досега за него е истакнато дека претставува одраз на невообичаеното, а како оригинален творец извршил среќен спој помеѓу наивноста и апстракцијата…vangel_naumovski_cmyk_2307

Од предговорот во монографското издание (автор Маја Чанкуловска – Михајловска)

Испрати коментар

Scroll To Top