Насловна / Арт и дизајн / Ретроспективна изложба на Евгенија Димитриевска – Метаморфози на линијата

Ретроспективна изложба на Евгенија Димитриевска – Метаморфози на линијата

evgenija-demnievska

Галеријата „Чифте амам“ утре вечер во 19 часот ширум ќе ги отвори вратите за псетителите на ретроспективна изложба на Евгенија Демниевска насловена „Метаморфози на линијата“. Изложбата ќе трае до 29 октомври. Станува збор за безмалку тригодишен проект на Националната галерија на Македонија и за прво вакво поголемо претставување на македонската уметница со интернационална кариера во родниот град.

„Метаморфози на линијата“ го прикажуваат нејзиниот творечки пат од самите почетоци до денешни дни. Одбрани се речиси шеесеттината дела (слики, цртежи, графики, инсталации, видео арт, звучни инсталации…), кои го прикажуваат нејзиниот творечки пат од самите почетоци до денешни дни.

Evgenija-demnievska1

„Евгенија Демниевска е македонска уметница која долг низ години живее надвор од границите на нашата земја, но никогаш не го заборавила своето потекло. ​„Јас се бавам со енергија. Со една енергија која треба да даде таков амбиент луѓето да се чувствуваат добро и во исто време прват и визуелна промена. Во еден миг и самите да станат еден вид на перформанс“, вели Демниевска.

Евгенија Демниевска е родена 1946 година во Скопје. Таа дипломирала на Академијата во Белград. Во раните осумдесетти се вклучува во активностите на тамошниот уметнички круг и во новата уметничка практика, каде што дејствува заедно со Раша Теодосиевиќ, Марина Абрамовиќ, Душан Оташевиќ, Радомир Дамјановиќ – Дамјан, Бојан Бем, Зоран Поповиќ, Бора Иљовски и други.

Евгенија Демниевска од Белград заминува на постдипломски студии во Јапонија, каде што живела четири, пет години и каде што се стекнува со диплома магистер по уметност и се запознава со источната филозофија, со сите предизвици на јинг и јанг, и карате како боречка вештина…

Еден период таа патувала и творела насекаде во светот, а во последниве три децении живее во Франција.

Испрати коментар

Scroll To Top