Насловна / Вести / Ретроспективна изложба на Боро Митриќески во Прилеп

Ретроспективна изложба на Боро Митриќески во Прилеп

Вечер, 3 ноември, во 18 часот во галеријата на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена ретроспективна изложба на македонскиот уметник Боро Митриќески.

Изложбата е во рамките на прославата на 3 ноември – Ден на ослободувањето на Прилеп.

Мачор,1960

Боро Митриќески е роден во Прилеп во 1927 година. Основно образование завршил во Прилеп, а Уметничка школа во Скопје во 1948/49 година, каде што ги добил првите познавања за скулптурата од професорот Димо Тодоровски. Студирал на Академијата за ликовни уметности во Загреб каде професори му биле Антунац, познатиот портретист и Крстуловиќ. Дипломирал во 1954 година во класата на Вања Радуш. По завршувањето на студиите извесен период работел како ликовен педагог во ОУ, а потоа како слободен уметник.

Од 1979 до 1987 година бил директор на Уметничката галерија во Скопје од каде се пензионирал. Од 1997 година е редовен член на МАНУ. Во текот на својата професионална кариера бил на студиски патувања во Франција, Англија, Грција, Русија, Египет, Шпанија, Германија, Австрија, САД, Канада, Полска, Шведска…

Има изведено преку 10 споменици и поголем број споменични обележја, меѓу кои портрет на Ацо Шопов, споменик на Карпош во Кратово, споменик на жртвите на фашизмот во бронза во Градска болница во Скопје, споменик на св. Кирил и Методиј во бронза во универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, портрет на Блаже Конески, споменик на Александар Македонски, Сердарот и минијатурите, бистата на Петре М. Андреевски и др.

Реализирал повеќе самостојни изложби во земјата и во странство, како и групни.

Испрати коментар

Scroll To Top