Денес (7 јули), во 20 часот во НУ Музеј на современата уметност Скопје, ќе биде отворена изложбата „РЕТРОспектива“ на Виолета Блажеска и Богдан Грабулоски.
Се работи за мултимедијален проект преку кој ќе бидат презентирани инсталации (скулптури), фотографии, придружени со видео записи.
Со изложбата „РЕТРОспектива“ ќе бидат одбележани 40 години творештво на Блажеска и Грабулоски.
Автор на проектот е Марика Бочварова Плавевска.