Bank Austria Kunstforum во Виена ја отвори својата прва сеопфатна ретроспектива на делата на Анри де Тулуз-Лотрек во Австрија. Покрај познатите големи плакати и постери работени специјално за локалите во Монмартр, прикажани се и слики во масло како и цртежи работени со перо и молив. Тулуз-Лотрек се смета за еден од најважните претставници на раниот модернизам.
Изложбата е отворена до 25 јануари следната година.