Изложбата насловена „Голема фотографија“, отворена во галеријата Carle Sozzani во Милано, претставува ретроспектива на една од најголемите фотографски легенди во модната фотографија Артур Елгорд, а најмногу познат по својата работа за списанието „Вог“.
Изложбата е отворена до 6 април. Во ретроспективата се вклучени дела создадени во текот на изминатите 50 години. Посетителите на галеријата имаат можност да погледнат фотографии во кои се овековечени едни од најголемите икони на модниот свет, како Наоми Кембел, Кејт Мос, Линда Евангелиста и многу други, а фотографиите на Елгорд се најдобар сведок на динамичните промени на модната сцена.
Покрај тоа, на изложбата се вклучени фотографии на бројни рекламни кампањи коишто Артур Елгорт ги снимил за модни куќи како што се „Шанел“, „Валентино“ и „Ив Сен Лоран“. Фотографиите на Елгорт носат свој личен печат, и тоа е најчесто спонтаноста и неочекуваниот момент.
Артур Елгорт моментално живее во Њујорк со неговата сопруга, која се занимава со продукција и режија.